120
Тренерот на Манчестер Сити на вчерашниот меч против Њукасл доби нов жолт картон, вкупно шести оваа сезона, а поради тоа му се активира суспензија од два натпревари.
Гвардиола нема да биде на клупата на мечот против Вест Хем во Премиер лигата кој се игра на 14 март, како и на дуел од четвртфиналето од ФА Купот во првиот викенд од април.
Но, суспензијата нема да му важи за финалето од Лига Купот на 22 март против Арсенал иако овој меч е меѓу двата на кои е суспендиран.
Гвардиола беше многу нервозен на вчерашниот меч против Њукасл, а таков беше и на прес-конференцијата по мечот и покрај победата на Сити.