Два меча на клупа, ниту еден цел натпревар па агентот на Винисиус итно пристигна во Мадрид

by bojan
1 минути читање

Медиумите од Шпанија откриваат дека агентот на Винисиус Жуниор денеска итно пристигнал во Мадрид на средба со раководството на „кралевите“.

Иднината на Винисиус Жуниор често е тема на трансфер шпекулациите, особено откако запнаа преговорите за нов договор и барањата на Бразилецот да биде најплатен фудбалер во тимот.

Последните информации велат дека Бразилецот не е среќен од ситуацијата на стартот од новата сезона, односно тоа што на два мече се најде на клупата за резерви и ниту еднаш не одигра цел натпревар, па почнаа кружат гласини за можен трансфер веќе во јануари.

И токму кога гласините стануваат се погласни, агентот на Винисиус Жуниор денеска итно пристигнал во Мадрид.

Планот бил тој да пристигне во престолнината на Шпанија на 26. октомври и „Ел Класико“ пресметката против Барселона, но се појавил еден месец порано.

Фредерико Пена утрово пристигнал во тренинг центарот во придружба на неговиот соработник Тата Соареш, состанокот со раководството на „кралевите“ траело околу 2 часа, но во моментов нема повеќе информации.  

Можно е и ова да ти се допаѓа

×