Малку
недостасуваше Динамо Загреб да направи од готово-вересија во мечот против Валур во првото коло од квалификациите за Лигата на шампионите, откако хрватскиот првак иако имаше
убедливо водство од 3-0, на крајот „трепереше“ дури и за самата победа.
Динамо Загреб
славеше со 3-2, а нашиот Аријан Адеми постигна два гола за победничкиот табор,
со тоа што во 82 минута промаши во обидот од белата точка за 4-0, по што
гостите најпрво шест минути подоцна исто така промашија пенал, за во самата
завршница да постигнат два гола за и повеќе од достоен пораз пред реваншот кој претстои.
Стефан Ристовски остана на клупата за резерви, а Адеми ги одигра сите 90 минути од денешната пресметка на „Максимир“.