Интер Мајами го победи Тигрес со 2-1 благодарение на два гола на Луис Суарез, двата постигнати од пенал и се пласираше во полуфиналето од Лига Купот во кој играат тимови од Мексико, САД и Канада. Лео Меси поради повреда уште е во аут.
По 20 минути игра американскиот тим го доби првиот пенал поради игра со рака на противнички фудбалер. Суарез погоди за водство од 1-0.
Тигрес успеа да го изедначи резултатот со гол на Кореа во 67. минута по една слаба интервенција на одбраната на Интер Мајами.
Во последните минути од натпреварот, со помош на ВАР Интер Мајами доби нов пенал поради игра со рака на противникот. Луис Суарез погоди уште еднаш од белата точка за победа од 2-1.
Во судиското продолжение Тигрес имаше една неверојатна шанса кога топката удри во едната статива, се прошета по линијата, па удри во другата статива и излезе.
Интер Мајами во полуфиналето ќе игра против Орладно Сити кој со 1-0 ја совлада Толука.