831
Македонскиот напаѓач, Илија Несторовски ја врати голгетерската форма а со тоа се вратија и победите на Палермо.
Несторовски го отвори резултатот со гол од пенал во 23. минута од натпреварот.
По само три минути игра во вториот гол, Нестогол постигна мајсторски погодок од слободен удар за конечни 2-0.
На Палермо му одговараа и резултатите на ривалите кои не победија, па клубот на Несторовски и Трајковски по 12 кола е на лидерската позиција во Серија Б.