509
Eкипата на Реал Мадрид успеа да слави на незгодното гостување кај Виљареал со 1-2 и така дојде до 60 бода со кои е лидер на табелата, но Барселона има три бода помалку, но два натпревари помалку.
Се што беше интересно на денешниот натпревар се случи во првото полувреме. Виљареал прв дојде до водство со голот на Фојт по само седум минути игра.
Реал Мадрид направи пресврт со двата гола на Мбапе во период од само шест минути. Французинот прво погоди во 17-тата минута, па во 23-та минута.
Виљареал имаше свои шанси и повеќе напаѓаше, тоа го покажуваат 18-те удари кон голот на „кралевите“, но тоа на крајот не беше доволно ниту за бод.