Актуелниот
шампион Франција е првиот патник во нок-аут фазата на мундијалот во Катар,
„триколорите“ обезбедија осминафинале откако со 2-1 ја совладаа Данска.
Резултатот беше
отворен во 61. минута, Мбапе и Тео Ернандез двојно поиграа а напаѓачот на ПСЖ
го совлада Шмајхел за 1-0.
Данска изедначи седум
минути подоцна, Кристенсен по еден корнер се снајде најдобро и реализираше за
1-1.
Двете
репрезентации потоа имаа прилики за нов гол, а конечниот резултат беше поставен
во 86. минута.
Гризман одлично
нафрли, Мбапе му избега на својот чувар на подалечната статива и успеа доволно
умешно да ја закачи топката за да ја затресе мрежата за 2-1.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.