13
„Волчицата“ со 2-0 го совлада Каљари во последниот натпревар од 24. коло во Серија А, Мален со два гола ја предводеше Рома до три бода во битката за топ четири пласман.
Рома се изедначи со Јувентус на четвртата позиција на табелата, момците на Гасперини вечерва со 2-0 ја добија пресметката против Каљари.
Херој на „волчицата“ беше Мален, кој со два гола донесе важни три бода.
Холанѓанецот го отвори резултатот во 25. минута, од тежок агол успеа да ја префрли топката преку гостинскиот голман за 1-0.
Во 65. минута падна вториот гол, Челик одлично продре и уфрли топка на пет метри, а Мален иако беше опкружен од двајца противници на Каљари, успеа да ја затресе мрежата за 2-0.
ФОТО: X/AS Roma