Борнмут ја доби пресметката против Фулам на отворањето на 7. коло во Премиерлигата, Семењо со два гола и Клајверт со еден ги предводена домаќините до пресврт и славје од 3-1.
Борнмут го продолжи фантастичниот старт на сезоната и ќе преноќи на второто место на табелата откако со 3-1 го совлада Фулам.
На крилјата на извонредниот Семењо, домаќините се вратија од гол негатива и ги освоија трите бода.
Гостите поведоа во 70. минута, по едно двојно проигрување со Чуквуезе, Сесењон реализираше за 0-1.
Сепак, во 78. минута Семењо продре по левата страна и од мртов агол успеа да му ја протне топката низ нозе на голманот Лено за 1-1.
Во 84. минута Клајверт испрати ракета од 25 метри за 2-1 и голема радост на трибините, а во 96. минута по една брза контра, Семењо со својот втор гол ги постави конечните 3-1 и стави точка на натпреварот.
Репрезентативецот на Гана веќе има шест гола и две асистенции зад себе оваа сезона, па ако продолжи со вакво темпо, сигурно ќе направи скап трансфер.