Два гола на Ивановски за Хајдук! (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Хајдук врза две победи по ред и најави излегување од кризата, а денеска во центарот на вниманието беше и Мирко Ивановски кој беше стрелец на два гола против Истра.

Македонецот најпрво погоди за 3-0 во 36. минута, а кога Истра дојде до 3-2, Ивановски со нов гол, овој пат во 65. минута ги откажа домаќините.

Ова беше само втора победа на Хајдук оваа сезона во осмиот натпревар во хрватското првенство.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×