Јувентус ги освои планираните три бода против Удинезе кои се од големо значење во битката за титулата, а Дибала беше херојот на мечот.
Резултатот го отвори во 20. минута со прекрасен погодок од слободен удар.
15 минути подоцна врз Дибала беше направен прекршок за пенал, но Гонзало Игуаин не погоди од белата точка, резултатот остана 1-0.
Во четвртата минута од второто полувреме одлична акција на Јувентус, Игуаин асистираше до Дибала кој со својот втор гол ги постави конечните 2-0.
Во останатите натпревари од Серија А кои се играа во 15 часот, Каљари и Лацио одиграа 2-2, Аталанта со 1-0 победи на гостувањето кај Болоња, најубедлив беше Кротоне кој со 4-1 ја совлада Сампдорија, немаше победник на дуелот Сасуоло – Спал 1-1.
Вечерва во дерби меч Интер го пречекува Наполи, а претходно Милан и гостува на Џенова.