692
Аријан Адеми беше главен во победата на Динамо Загреб над Хапоел Бер Шева со која хрватскиот тим речиси го завери пласманот во следното коло.
Адеми го даде првиот гол на европски натпревар по речиси три години. Македонскиот репрезентативец погоди во 51. минута за 3-0, а десет минути подоцна зголеми и на 4-0.
По еден гол дадоа Хајровиќ, Орсиќ и Хоџиќ.
Реваншот во Израел се чини дека ќе биде само формалност. Ако не се случи чудо, во третото квалификациско коло Динамо Загреб ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Астана и Митјиланд, домаќините победија со 2-1 во првиот меч.