Иако беа постигнати само два гола, многу возбудувања имаше на дербито меѓу Лацио и Рома.
Дека ќе биде интересно беше најавено уште на самиот старт кога Лукас Леива ја погоди стативата, Лацио за малку пропушти да поведе. Но брзо потоа Рома преку Заниоло погоди пречка.
Во 16. минута пенал за Рома поради игра со рака. Александар Коларов беше прецизен од белата точка за водство од 1-0.
Потоа за кратко време два пати конструкцијата на голот беше сојузник на Рома, Кореа и Имобиле беа блиску до погодок, па Занило пак погоди статива.
Лацио одлучно тргна кон израмнување и тоа се случи по околу 15 минути игра во вториот дел, стрелец на погодокот беше Луис Алберто.
Во финишот од мечот Лацио имаше пречка, а во судиското продолжение и поништен гол.