Фудбалерите на Рома ја одиграа најубедливата партија оваа сезона, победувајќи ја Парма со 5-0 (2-0) во рамките на 17. коло на Серија А.
„Волчицата“ ги израдува своите навивачи на „Олимпико“ со најдобрата сезонска изведба. Резултатот во Рим го отвори Пауло Дибала кој во осмата минута реализира пенал, а само пет подоцна Алексис Салемакерс зголеми на 2-0, резултат кој беше активен и на полувремето.
На стартот на продолжението Дибала вторпат стрела, овојпат по асистенција од Довбик за 3-0 во 51. минута. Во финишот Рома уште двапати го пронајде патот до гостинската мрежа. Паредес го реализира вториот пенал за домашните, а во 83. минута точка на победата стави Артем Довбик (5-0).
Рома се наоѓа на 11. позиција на табелата со 19 бода, додека Парма има четири бода помалку и е 16.