301
Извесно е дека Џиџо Донарума ќе го напушти ПСЖ ова лето, европскиот шампион си донесе нов голман, а не ја продолжи соработката со Италијанецот.
Новинарот Николо Шира, тврди дека Манчестер Сити и Баерн Минхен го посакуваат Џиџо Донарума во своите редови.
ПСЖ го ангажираше Лукас Чавалие од Лил и тој треба да биде првиот голман во наредната сезона.
Донарума има уште една година од актуелниот договор со ПСЖ, но доколку сака да брани, а не да седи на клупата ќе треба да најде нова средина.