Два црвени картони, прекин и недоволна победа на Вардар во Тетово, Шкендија и Пелистер во финалето од купот

by
1 минути читање

Шкендија ја одбрани предноста од 3-1 остварена во Скопје против Вардар. Во Тетово победи македонскиот шампион, но само со 1-0, по што доживеа елиминација од купот.

Првите возбудувања на натпреварот не беа фудбалски. Во 32. минута натпреварот беше прекинат откако дел од домашните навивачи влетаа во терен.

На ваквата реакција претходеше физичка пресметка помеѓу капитените Ферхан Хасани и Бобан Грнчаров по која и двајцата добија црвени картони од судијата Ставрев.

Откако на теренот влетаа навивачите на домашниот тим, вардаровите фудбалери се повлекоа во соблекувалната, по што одредено време натпреварот беше прекинат.

Резултатот беше отворен по 15 минути игра во второто полувреме кога Вардар поведе со гол на Велковски. 

Во продолжението од мечот, македонскиот шампион се обидуваше да дојде до нов погодок, Шкендија ја бранеше предноста од првиот меч и успеа да ја одбрани и да избори нов пласман во финалето од Купот на Македонија.

Шкендија во финалето ќе игра против Пелистер кој со гол на Фереира Кардозо на десет минути пред крајот на натпреварот со 1-0 го доби реваншот против Брегалница.

Фото: ФК Вардар

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани