Вистинска голеaда на натпреварите од 16 часот во Премиерлигата, два завршија со „7+“ а мрежите се тресеа дури 19 пати.
Ливерпул освои нови три бода во битката за топ 5 пласман, а Вест Хем доживеа нов чекор назад во битката за опстанок, „црвените“ попладнево славеа со 5-2.
Момците на Слот знаеа како да ги искористат своите шанси, Екитике погоди по само пет минути, Ван Дајк зголеми на 2-0 на средината од првиот дел, а Мек Алистер во финишот од полувремето зголеми на 3-0.
Соучек на стартот од второто полувреме намали на 3-1, но Гакпо ја врати комфорната предност и реализираше за 4-1.
Кастељанос во 75. минута донесе мала надеж и намали 4-2, но набрзо Дисаси си ја затресе сопствената мрежа за 5-2 и завршница без драма.
„7+“ имаше и на дуелот помеѓу Барнли и Брентфорд, гостите поведоа со 0-3, домаќините изедначија на 3-3, имаа и гол за 4-3, кој беше поништен поради офасјд, за популарните „пчели“ во 93. минута да дојдат до 3-4.
Возбудливо беше и на „Сент Џејмс Парк“, каде Евертон го совлада Њукасл.
Марфи во 82. минута донесе 2-2 за домаќините, но само во следниот напад Бари реализираше за 2-3. Претходно, Брантвајт го отвори резултат, Рамзи изедначи на 1-1, а Бето се погрижи „карамелите“ да заминат на пауза со предност од 1-2.
ФОТО: X/Liverpool FC