Евертон го „торпедираше“
Вест Хем синоќа совладувајќи го на домашен терен со високи и убедливи 4-0 во 14
коло од англиската Премиерлига, а три гола во победата на „Карамелите“ постигна
Вејн Руни.
Сем Алардајс од
трибините на „Гудисон Парк“ имаше можност да ја проследи убедливата победа на
Евертон, тимот кој треба да го води во продолжение од клупата.
Сем Алардајс може да се
пофали дека ќе има високи примања во тимот од Ливерпул, во наредните 18 месеци
ќе заработува 115 илјади фунти на неделно ниво, или на годишно вкупно износот
ќе изнесува близу 6 милиони фунти.
На заработката на
Алардајс на клупата на Евертон би можел да му подзавиди дури и францускиот
стратег од клупата на европскиот и шпански првак Реал Мадрид, Зинедин Зидан.
Зидан, како за пример седна на клупата на Реал Мадрид со годишна плата од близу 5 милиони евра, по 18 месеци од првиот договор, по освојувањето на Суперкупот во Скопје доби нов договор во кој моментално заработува околу 8 милиони евра.
Помалку од Алардајс
заработуваат дури и Диего Симеоне од Атлетико Мадрид, Маурисио Покетино од
Тотенхем, Унаи Имери од ПСЖ, па и Масимилијано Алегри од Јувентус.
Постои еден факт за
Алардајс кој значително може да му помогне на Евертон за спас на сезоната по катастрофалниот
старт, „Големиот Сем“ никогаш не испаднал со екипа во Премиерлигата.