264
За мајсторијата
на Роналдо во голот со ножички против Јувентус долго ќе се зборува, а
Португалецот доби честитки дури и од фудбалер на најлутиот ривал на Реал
Мадрид, Иван Ракитиќ од Барселона.
„Мораме да му
честитаме на Роналдо за неговиот гол,
тоа беше феноменално, тешко е да ги најдам вистинските зборови за тој гол, Реал
Мадрид општо како екипа доминираше во сите аспекти на мечот и одиграа
перфектно, ние мораме да им честитаме на тоа“ рече Хрватот.