Дури и Меси и Роналдо би подзавидиле на статистиката на Барди! (ФОТО)

by
1 минути читање

Шпанското издание на „Goal денес излезе со вест за македонскиот репрезентативец Енис Барди, членот на
Леванте кој има одлична статистика зад своите десет настапи во Примера на кои
постигна и четири погодоци.

Младиот Македонец од
редовите на Леванте, Енис Барди, ја има една од најдобрата статистика на
постигнати погодоци од слободни удари во цела Европа
пишува фудбалскиот портал.

Барди летово во Леванте
пристигна од унгарски Ујпешт, постигна три погодоци од слободен удар во подготвителниот период, а неговата статистика вели дека има прецизност од 33% во
ударите од прекин, само 4% има Лионел Меси, додека пак 0% има Кристиано Роналдо
од Реал Мадрид
“ додава истиот медиум под насловот околу четворицата фудбалери
кои имаат подобар учинок од Меси и Роналдо во ударите од прекин.

Извор: goal.com/es

Можно е и ова да ти се допаѓа

×