Eзекиел Гарај во неделата соопшти дека е првтиот фудбалер во Ла Лига позитивен на коронавирус,
кратко потоа се огласи и Валенсија, и објави дека дефензивецот не е единствен,
петмина биле позитивни на тестовите (тројца играчи, еден делегат и еден доктор).
Доцна синоќа беше
испратено ново соопштение, клубот од Местаља пренесе дека дури една третина од
фудбалерите и останатиот персонал (тренери, доктори, итн) се заразени со Ковид
19.
Во моментов, ниту
еден друг клуб не е толку многу погоден, па се поставуваат многу прашања.
Валенсија беше
еден од првите клубови од Шпанија кој почна да применува превентивни мерки
откако на 19. февруари гостуваше во Милано, едно од жариштата во Италија. Играчите
беа ставени во изолација, им беше наредено да имаат што помал контакт со луѓе
надвор од тимот. Беа откажувани прес конференции, интервјуа… Но потоа
следуваше патување во ново жариште, во Виторија и гостувањето кај Алавес.
Токму Алавес беше
еден од првите клубови во Шпанија со зараза од коронавирус, двајца членови (еден
од тренерскиот персонал и еден од управата) беа позитивни уште во саботата, и
се верува дека тука е пренесен вирусот на член од Валенсија.
Па со оглед на
блискиот секојдневен контакт на фудбалерите при извршувањето на обврските, вирусот
брзо и лесно се пренел од еден на друг. Езекиел Гарај можеби не игра и не
тренира со месеци поради повреда на лигаментите на коленото, но ги користи
просториите за рехабилитирање, кои исто така се употребувани од многу други.