Фудбалерите на Евертон со гол во последните моменти успеаа да слават победа над Нотингем Форест на гостински терен од 0-1.
Во еден натпревар без многу прилики и на двете страни одлучувачкиот момент се случи во самата завршница кога Дукуре по една контра успеа да го матира Селс за победа на „карамелите“.
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) April 12, 2025
GOAL | Nottingham Forest 0-1 Everton | Doucoure
DOUCOURE WINS IT IN THE 94TH MINUTE FOR EVERTON !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!pic.twitter.com/jH9Fx4ejKN
За екипата која е вистински хит во Премиер лигата сезонава ова беше втор пораз во низа по претходниот од Астон Вила, но и понатаму се на третата позиција со 57 бода, два помалку има Манчестер сити, а три токму Астон Вила која денеска го совлада Саутемптон со 3-0.
Во преостанатиот натпревар Брајтон и Лестер ремизираа одигрувајќи 2-2.
Во терминот од 18:30 се игра и последниот натпревар денеска во кој се сретнуваат Арсенал и Брентфорд.