Дрогба со порака до Галатасарај: Како мојот „татко“ може да биде расист?!

by Стефан
1 минути читање

Легендарниот напаѓач Дидиер Дрогба застана во одбрана на Жозе Мурињо по обвинувањата за расизам на сметка на Португалецот.

Тренерот на Фенербахе по ремито без голови против Галатасарај го пофали словенечкиот арбитар, Славко Винчиќ и неговите помошници и порача дека дербито би било катастрофа ако делеле правда домашните судии.

Поради тоа од Галатасарај најавија пријава за Мурињо и информираа дека ќе испратат допис до ФИФА и УЕФА.

„Жозе Мурињо редовно во јавноста изнесува погрдни коментари кон турскиот народ откако почна да работи во Турција. Поради тоа ја известуваме јавноста дека поради неговите расистички коментари ќе пондесеме пријава до државното обвинителство, но и до ФИФА и УЕФА“, објави турскиот гигант.

За целата ситуација се огласи Дрогба кој застана во одбрана.

„Знаете колку сум горд што го носев жолти-црвениот дрес и свесни сте за мојата голема љубов кон најтрофејниот клуб во Турција. Сите знаеме колку ривалствата можат да бидат жешки и јас ја имав таа среќа да ги искусам. Ги видов коментарите за Жозе Мурињо. Верувајте ми, го познавам Жозе многу години и тој не е расист. Историјата тоа го птоврдува. Ајде да се фокусираме на нашите натпревари и да ги бодриме „лавовите“ за да ја додадеме „петтата“ ѕвездичка“.

„Како мојот „татко“ може да биде расист? Дајте луѓе…“, порача Дрогба.

Дрогба за Галатасарај одигра 53 натпревари во кои постигна 20 голови и подели 13 асистенции.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани