154
28-годишниот Македонец, Влатко Дробаров би можел да заигра за бугарската фудбалска репрезентација. Тој е член на Черно Море и паднал во очите на селекторот Петров.
Дробаров има и бугарски пасош, па без проблеми би можел да игра за таа репрезентација.
„Како и секој професионален спортист, давам сè од себе за да бидам поквалитетен. За мене е задоволство што оваа работа ја забележуваат фудбалските луѓе во Бугарија, за што им благодарам. Не гледам ништо чудно. Имам пријатели овде во Бугарија и ги сакам соиграчите како семејство. Не ме интересира политика, поради што би се согласил да играм за репрезентацијата на Бугарија“, изјави Дробаров за „Спортал.бг“