Дресот на Милан за идната сезона (ФОТО)

by
1 минути читање

Веќе е познат
дресот на италијанскиот калчолигаш Милан за идната сезона, тој повторно ќе биде
со ленти на себе, нешто повеќе од претходните изданија, а првиот дрес е
едноставен и се вклопува со традицијата на клубот.

„Фути хедлајнс“
вообичаено, како и секогаш ги открива дресовите порано од тие и официјално да
бидат претставени за јавноста, па од тоа што можеме да го забележиме, домашниот
дрес е секако во класичен изглед, со повеќе ленти како од претходниот
дебитантски на Пума.

Втората гарнитура
дресови на Росонерите, оние гостинските е со класичен изглед како и кај
домашните дресови, воглавно доминира белата боја со црвено црни ленти кај
рамената.

Како што известува „Фути хедлајнс“, третата гарнитура дресови е дизајнирана на еден
доста модерен начин, доминира црната боја, а има одредени графички црти на
истиот.

Сите три комбинации на новите дресови на Милан – ТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×