Дрејк го пецна Меси и се пофали дека вложил голема сума на пари за победа на Канада над Аргентина (ФОТО)

by bojan
2 минути читање
Меси

Дрејк чека изненадување на Копа Америка и голема исплата, познатиот рапер вложи 300.000 долари на победа на неговата Канада против актуелниот шампион Аргентина.

На финалето на Светското првенство во Катар, Дрејк вложи 1 милион долари дека Аргентина ќе биде подобра од Франција и ќе стигне до трофејот на мундијалот, ваквиот облог на крајот му донесе исплата од 1.75 милиони долари.

Во пресрет на првото полуфинале на Копа Америка, Дрејк реши одново да вложи голема сума на пари.

Но тој сега чека изненадување, со 300.000 долари типуваше дека неговата Канада ќе ја совлада Аргентина и ќе го елиминира актуелниот шампион.

Коефициентот е 9.6, па доколку Канада победи, тој ќе добие исплата од 2.88 милиони долари.

Во својата објава тој не заборави и да ја спомне првата ѕвезда на Гаучосите, Лео Меси.

Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани