Фудбалската репрезентација на Судан остана во трка за пласман во нокаут-фазата на Африканскиот куп на нации, откако минимално ја совлада Екваторијална Гвинеја со 1-0.
Трите бода му припаднаа на Судан по несреќен автогол на Саул Коко, кој во 74. минута по една невнимателна интервенција ја смести топката во сопствената мрежа и директно го реши прашањето околу победникот.
Дуелот, сепак, го одбележа драматичен момент во првото полувреме, кога голманот на Судан, Монгед Елнил, колабираше на теренот и се онесвести. Медицинските екипи реагираа експресно и веднаш интервенираа, а за среќа голманот по кратко време се опорави, стана и успеа да го продолжи натпреварот без посериозни последици.
Da li je moguće da je posle ovoga nastavio utakmicu?? pic.twitter.com/LzAzE0vsd2
— FantomBeograda (@FantomBeograda) December 28, 2025