Драматичен финиш на Гудисон, Де Хеа и ВАР го спасија Јунајтед од порaз, Волвс го изненади Тотнем (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Евертон и
Манчестер јунајтед ги поделија бодовите, во драматичен финиш на Гудисон, во последните мигови од мечот, Де Хеа
и ВАР спречија славје на „карамелите“.

Натпреварот почна
со голема глупост на Де Хеа, голманот чекаше цела вечност па Калверт Луин
блокираше и ја затресе мрежата на гостите по само три минути. Пред крајот на
првиот дел, „ѓаволите“ изедначија. Бруно Фернандеш погоди од далечина за 1-1.

Потоа имаше
голема борба на теренот, Де Хеа се извади за киксот во судиското надополнување
кога одбрани зицер на Сигурдсон од пет метри. Драмата не запре тука, во
продолжението од нападот, Мегваер во обид да блокира, само ја сврте топката во
сопствената мрежа.

Сепак, Сигурдсон
беше во офсајд, и иако тешко дека Де Хеа ќе интервенираше, ВАР реши да го поништи
погодокот бидејќи Исланѓанецот влијаеше на играта.

На вториот
денешен натпрева од 15 часот, Вулверхемптон со пресврт во второто полувреме го
совлада Тотнем во Лондон.
Откако „спарси“ водеа со 2-1 на пауза, Жота погоди
по десетина минути игра во продолжението за Хименез во 73. минута да реализира
за 2-3.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×