Драма во
последното коло од Серија А, навивачите на Рома трепереа до последен момент.
Натпреварот кој
требаше да биде фешта на Олимпико поради збогувањето на Франческо Тоти, се
претвори во агонија.
Сепак, домаќините
на крајот се радуваа откако Пероти во 90. минута погоди за 3-2.
Натпреварот лошо
почна за Рома откако 16 годишниот Пелегри се запиша во листата на стрелците
веќе во 3. минута и донесе изненадувачко водство на Џенова.
Домаќините
екпресно вратија, Џеко во 10. минута изедначи на 1-1.
Рома потоа се
мачеше да стигне до водство, и тоа се случи дури 74. минута кога Де Роси донесе
предност од 2-1.
Но пет минути
подоцна следуваше нов шок. Шчесни погрешно процени една нафрлена топка а
Лазовиќ изедначи на 2-2.
Сепак, Пероти
биеше неодбранливо во 90. минута за 3-2 и големо славје на Олимпико.
Со овој резултат, Рома го обезбеди второто место на табелата и ќе игра директно во групната фаза од Лигата на шампионите.
Наполи и покрај тоа што славеше со 2-4 на гостувањето кај Сампдорија мора да се задоволи само со третото место и плеј-оф од Лигата на шампионите