Драма во последниот ден од преодниот рок, Мура бил „план Б“ за Барселона по Нејмар

by
1 минути читање

Барселона имала
доста драматично „финале“ во последниот ден од летниот преоден рок за трансфер
кој веќе истече, Каталонците сакале да го ангажираат Лукас Мура, меѓутоа не
успеале да ја обезбедат бараната сума за обештетување која ја побарала Тотнем.

Според
информациите кои ги објави „Мундо Депортиво“, Мура бил „план Б“ опција за
Барселона покрај нивната битка за враќање на Нејмар на „Камп Ноу“, меѓутоа
Тотнем барал 45 милиони фунти за Бразилецот, сума која Каталонците не ја
обезбедиле.

Мура беше еден од
водечките фигури во тимот на Маурицио Покетино во патот кон пласманот до
големото финале во ланската сезона од Лигата на шампионите, добрите партии на Бразилецот
беа наградени со нов договор од Тотнем со важност до 2024. година, тој во
Лондон дојде од ПСЖ ланската година. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×