Драма во Њукасл, Ромеро со ножички во 95. минута донесе реми за Тотнем! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Њукасл и Тотнем одиграа натпревар со страшно второто полувреме кое заврши нерешено 2-2, домаќините двапати водеа, но не успеаа да ги освојат трите бода.

Мечот беше возбудлив и во првиот дел, но мрежите мируваа. Резултатот конечно беше отворен во 71. минута кога Бруно Гимараеш постигна одличен гол со шут од далечина за водство од 1-0 на Њукасл.

Седум минути подоцна Ромеро по асистенција од Кудус го изрдначи резултатот на 1-1.

Во 86. минута Гордон од пенал го врати водството на Њукасл, овојпат од 2-1, но тоа не беше се.

Течеше 95. минута кога Ромеро погоди со ножички за конечни 2-2. Капитенот на Тотнем е херојот на својот тим.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×