Драма во Мадрид, Реал ја победи Валенсија со гол во финишот на Марсело (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Реал Мадрид не смее да си дозволи кикс за да дојде до круната во Шпанија, кралскиот клуб можеше денес да загуби два бода, но Марсело беше херој на тимот од Бернабеу.

Кристијано Роналдо со гол со глава во 27. минута по асистенција од Карвахал му донесе водство на Реал Мадрид од 1-0.

Во 56. минута Кристијано Роналдо имаше шанса од пенал да го зголеми водството на Реал Мадрид од 2-0, но неговиот удар од белата точка го одбрани голманот Алвес.

Реал пропушти неколку шанси за нов гол, казната дојде во 82. минута кога Дани Парехо постигна прекрасен гол од слободен удар за изедначување на 1-1.

Само четири минути подоцна, Марсело си создаде позиција и погоди за победа на Реал Мадрид од 2-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани