Драма во Јапонија, „летна“ ногата на репрезентативец на Гана (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Кирин купот донесе рутинска победа за Јапонија која со 2-0 беше подобра од Гана во пријателски натпревар. Азијците славеа со головите на Такуми Минамино во шеснаесеттата минута и Рицу Доан во шеесеттата, но дуелот го одбележа тешката повреда на ганскиот репрезентативец Абу Франсис.

Франсис Абу од Тулуз се обиде да го блокира ударот на Ао Танака од осумнаесет метри, но наместо топката, јапонскиот фудбалер го погоди директно по ногата. Стопалото на Франсис се сврте во неприродна положба и тој заработи сериозна повреда. Танака веднаш се извини и на играчот и на селекторот на Гана Ото Адо.

Јапонија со овој триумф ја продолжува успешната серија на контролни натпревари, додека Гана остана засенета од шокантниот момент кој го прекина ритамот на натпреварот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×