Драма во Групата Ј, Рома едвај се протна, лидерот во Бундеслигата елиминиран, Башакшехир прв! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Заврши групната
фаза од најмасовното европско натпреварување, мечевите од 21 часот ги решаваа
последните патници а најинтересно беше во Групата Ј, каде сите четири екипи
имаа свои шанси.

На крајот еден гол
во 90, минута ја донесе разврската. Со погодокот на Кривели, Башакшехир стигна
до триумф од 1-2 на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах и го осигура првото
место. Благодарејќи на овој резултат Рома се протна во шеснаесетфинале и покрај
тоа што одигра само 2-2 дома против Волфзбергер.

Порто со 3-2 го
совладаа Феенорд и си обезбеди нок-аут фаза, каде оди и Ренџерс по ремито од 1-1
против Јанг Бојс.

Манчестер
јунајтед го потврди првото место во својата група со убедлива победа од 4-0
против АЗ Алкмар, а Партизан го заврши настапот со триумф од 4-1 над Астана.

Резултати:

Рома – Волфзбергер 2:2

Б. Менхенгладбах – Башакшехир 1:2

Еспањол – ЦСКА Москва 0:1

Гент – Олександрија 2:1

Лудогорец – Ференцварош 1:1

Манчестер јунајтед – АЗ Алкмар 4:0

Партизан – Астана 4:1

Порто – Феенорд 3:2

Ренџерс – Јанг Бојс 1:1

Слован Братислава – Брага 2:4

Волфзбург – Сент Етјен 1:0

Вулверхемптон – Бешикташ 4:0

Можно е и ова да ти се допаѓа

×