Вистинска драма
се случуваше вечерва во Групата Ф, каде првото место е резервирано за Шпанија,
а Шведска и Романија се борат за второто место и ги дели само еден бод.
Шведска од стартот на вториот дел имаше водство од 1-0 над Шпанија, а Романија откако промаши пенал во 52. минута, поведе против Норвешка во 62. минута. Но двата натпревари имаа возбудлива завршница, Родриго погоди во 92. минута и избори бод со кој
„црвената фурија“ на две кола пред крајот го обезбеди пласманот на Европското
првенство.
Романија сепак не го искористи овој подорак, откако и тие примија гол во последните мигови, односно 92. минута и за нив беше кобна. Норвешка, која има само теоретски шанси, преку
Сорлот ја замолка Националната арена во Букурешт. Па ситуацијата на табелата
остана статус кво, и следното коло ќе биде многу значајно зошто се среќаваат
токму Романија и Шведска.
На последниот
натпревар од оваа група, Фарски Острови одново ја совладаа Малта, овој пат со
1-0.
Во Групата Ј, еуфоријата
која ја зафати БиХ кратко траеше. Босанците пред неколку дена ја растурија
Финска и ги вратија надежите за пласман на ЕП, но вечерва тие загубија на
гостувањето кај Грција со 2-1, а Финска славеше со 3-0 дома против Ерманија па
разликата е пет бода на две кола до крајот и шансите се само теоретски.
Италија останува перфектна, „аѕурите“ немаа многу мака против Лихтенштајн и стигнаа до висок триумф од 0-5.
Швајцарија
издвојува важна победа и со 2-0 ја совлада Ирска, во меч од нашата група, Израел со 3-1 ја победи
Латвија, а Грузија со 2-3 триумфираше кај Гибралтар.