Драма во Чиле: Се сруши конструкција на легендарниот „Монументал“, десетици повредени (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Овој викенд во Чиле се игра големото дерби помеѓу Коло Коло и Универсидад Католика, па на денешниот тренинг на белите присуствуваа голем број навивачи кои се подготвуваа за својата фешта на трибините.

Сепак, целиот настан за малку можеше да заврши трагично откако попушти конструкцијата на легендарниот „Монументал“. Трибината не ги собра сите навивачи, па имаше луѓе кои стоеија и на конструкцијата и на семафорите и тоа предизвика рушење на конструкцијата која падна на трибината полна навивачи.

За среќа нема жртви, првичните извештаи говорат за десетици повредени, кои полесно, кои со скршеници.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани