Драма во Белорусија, БАТЕ Борисов со гол во 95. минута ја одбрани титулата (ВИДЕО)

by
1 минути читање

БАТЕ Борисов одигра реми
со 3-3 во голеадата на гостувањето кај Городеја во последното коло од
белоруската Премиерлига, а со ова реми заврши како првопласиран во тамошниот
шампионат со 68 бода, исто колку што освои и Динамо Минск.

Дека битката за титулата
беше навистина интересна, потврдува и фактот што Шахтјор како третопласиран
заврши со само три бода негатива веднаш зад водечките две екипи.

БАТЕ Борисов прв поведе,
но домаќините не само што направија пресврт туку дојдоа и до водство од 3-1.
Шампионот во 78. минута од пенал намали на 3-2, а во 95. минута дојде до
израмнувачки гол што им донесе титула во домашниот шампионат.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани