Драма на „Тодор Проески“, Вардар промаши пенал во 97. минута и испушти два бода против Работнички

by
1 минути читање

На отварањето на
21. коло во ПМФЛ, Вардар испушти два бода во дуелот со Работнички на „Тодор
Проески“. „Црвено-црните“ беа подобар противник во градското дерби, неколку пати
се заканија по голот на противникот а во последните секунди од мечот добија и
најстрога казна.

Еден играч на
дебармаалци играше со рака при акцијата на Аврамовски и Колевски, па судијата
Јосип Бартон покажа на белата точка.

Дарко Мицевски ја
превзеде одговорноста да донесе победа во 97. минута, но биеше лошо и голманот
Ристе Јанков му одбрани за голема радост на „романтичарите“.

На вториот денешен
натпревар исто така немаше голови, Струга Трим Лум и Силекс одиграа 0-0.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×