Eкипата на Арсенал со пресврт во завршницата од натпреварот против Њукасл дојде до победа од 2-1.
Натпреварот донесе шанси и офанзивна игра и на двете страни, но и ситуација која ќе се коментира.
Во првото полувреме Виктор Ѓокереш беше соборен во шеснаесетникот од голманот Поуп, судијата на теренот покажа на белата точка, меѓутоа по реакција на ВАР пеналот се поништи.
Њукасл нешто подоцна во 34. минута преку новото засилуваање Волтмаде стигна до водство со кое замина и на полувреме.
Арсенал напаѓаше, а тоа им се исплатеше прво во 84. минута кога Микел Мерино стрелаше за израмнување. Голот вреден три бода беше дело на дефанзивецот Габриел длабоко во судиското продолжение.
Арсенал сега е трет на табелата со 13 бода, два помалку од Ливерпул.