Драма на Сан Сиро, Џенова во 99. минута промаши пенал и пропушти да го шокира Милан (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Џенова освои бод на гостувањето кај Милан, но гостите можат да жалат откако во 98. минута промашија пенал, Станчу е трагичар за популарните „рособлу“.

Милан и Џенова одиграа драматичен натпревар на Сан Сиро, гостите поведоа во 28. минута преку Коломбо, кој е дете на „росонерите“ и игра на позајмица во тимот од „Луиџи Ферарис“.

Момците на Даниеле Де Роси потоа доло време одолеваа, и кога се чинеше дека ќе освојат големи три бода, Леао во 92. минута изедначи на 1-1.

Но во последните мигови од средбата, Џенова доби нова прилика да стигне до цел плен, судијата покажа на белата точка.

Станчу презеде одговорност, но биеше многу лошо над голот и пропушти прилика во 99. минута да го шокира фаворитот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×