52
Манчестер Јунајтед со 3-2 го победи Фулам во исклучително драматичен меч, два погодоци беа постигнати во судиското продолжение.
Касемиро во 19. минута постигна гол со глава за водство на Јунајтед од 1-0. Тоа беше и резултатот од првото полувреме.
По десетина минути игра во вториот дел Куња даде гол и ја зголеми предноста на домаќините на 2-0.
Во 85. минута Раул Хименез погоди од пенал и го врати Фулам во игра, а Кевин во 91. минута постигна прекрасен гол за 2-2.
Сепак, во 94. минута Шешко постигна гол и донесе победа од 3-2 за Манчестер Јунајтед.
Брентфорд со играч помалку ја победи Астон Вила на Вила Парк со 1-0, Нотингем форест и Кристал Палас одиграа нерешено 1-1.