Манчестер јунајтед и Глазгов Ренџерс одиграа исклучително возбудлив натпревар во Лига Европа кој го добија домаќините со гол на капитенот Бруно Фернандеш во 92. минута.
Резултатот беше отворен по седум минути игра во второто полувреме кога голманот на Ренџерс, Батленд во обид да избоксува една топка, си постигна автогол за водство на Јунајтед од 1-0.
Тој резултат беше актуелен до 88. минута кога Мегваер киксираше, Десерс даде гол за израмнување на 1-1.
Се чинеше дека Манчестер јунајтед ја испушти победата, но не беше така. Во 92. минута Лисандро Мартинез фантастично асистираше до Бруно Фернандеш кој даде гол за победа од 2-1.
Во другите натпревари од терминот од 21 часот беа постигнати следните резултати: Ајнтрахт – Ференцварош 2-0, Елфсборг – Ница 1-0, Лацио – Реал Сосиедад 3-1, Лудогорец – Митјиланд 0-2, Манчестер јунајтед – Ренџерс 2-1, ПАОК – Славија Прага 2-0, РФС – Ајакс 1-0, Ројал Унион – Брага 2-1.