78
Фудбалерите на Арсенал вечерва во драматичен натпревар славеа над Вулвс со 2-1.
Имаа иницијатива домаќините од самиот старт, меѓутоа не создаваа премногу прилики, додека Вулвс беше повлечен на својата половина.
Слична беше сликата и во второто полувреме, а Арсенал дојде до водство во 70. минута. Букајо Сака изведе корнер кој заврши во стативата, па во грбот на голманот Џонстон и зад неговиот грб во мрежата. По тој гол, Арсенал пропушти и уште некоја прилика за гол, кога не ги искористи стигна казната преку Арокадаре во 90. минута.
Сепак, кога сите очекуваа Арсенал и вторпат во низа да не победи во Премиер лигаата, сопствената мрежа си ја погоди и Москера за триумф на Арсенал.
Standings provided by Sofascore