Драма на „Дерби дела Моле“, Игуаин во 92. минута го откажа прекрасниот гол на Љајиќ (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Во интересно
градско дерби, Јувентус и Торино ги поделија бодовите играјќи 1-1.

„Старата Дама“ во
првото полувреме имаше неколку добри шанси за гол, а за промашувањата казна
стигна во 52. минута.

Адам Љајиќ прекрасно биеше од слободен удар за водство на Торино од 0-1.

Но пет минути
подоцна, гостите останаа со играч помалку откако Аква контроверзно заработи
втор жолт картон и исклучување.

Предноста од
играч повеќе Јувентус ја искористи во втората минута од судиското
надополнување.

Гонзало Игуаин погоди во 92. минута и спречи Торино да слави на „Јувентус
Арена“.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани