Драма на Бернабеу, Сосиедад го исфрли Реал Мадрид од Купот на Шпанија (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Реал Мадрид доживеа елиминација од Купот на Шпанија откако на свој терен беше поразен од Реал Сосиедад кој во еден период имаше водство и од 3-0 и 4-1.

Сосиедад поведе со гол на играч на Реал Мадрид кој игра на позајмица кај нив, Мартин Одегард постигна гол во 22 минута за водство на гостите и не го прослави погодокот.

Брзо по почетокот на второто полувреме следуваше двеминутен шок на Сантијаго Бернабеу, Исак даде два брзи гола, првиот во 54. вториот во 56. минута за водство на Сосиедад од 3-0.

Само три минути подоцна Марсело го намали водство на 3-1, но во 69. минута Мерино реализира за Сосиедад кој повторно поведе со три гола разлика.

Во 79. минута Винисиус постигна гол со глава, кој беше поништен од ВАР, но две минути подоцна Родриго даде регуларен гол и намали на 4-2 за интересен финиш на мечот.

Во 93. минута Начо намалува на 4-3. Останаа уште четири минути до последниот судиски свиреж во кои Реал Мадрид силно притисна но не успеа да се спаси. 

Реал Сосиедад заслужено оди во полуфиналето од Купот на Шпанија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×