Напаѓачот на Интер Мајами, Луис Суарез е во фокусот на јавноста поради работи кои не се поврзани со фудбалот, Уругваецот и помогнал на полицијата да спречат човек да изврши самоубиство.
Изминатиов викенд, Луис Суарез одиграл важна улога надвор од терените, за време на својот одмор во Уругвај, и помогнал на полицијата да спречат човек да изврши самоубиство.
Инцидентот почнал во петокот вечерта, кога еден маж се качил на дрво со јаже околу вратот и се заканил дека ќе си го одземе животот доколку не се појави неговата партнерка.
Спасувачите, полицијата и луѓе од невладиниот сектор околу 20 часа се обидувале да го одвратат човекот од намерата, на крајот акцијата била успешна, а заслуга за ова има и Луис Суарез.
Напаѓачот на Интер Мајами, заедно со својата сопруга, пристигнале на местото и со емпатичен разговор помогнале да спречат човекот да изврши самоубиство.
Luis #Suárez colaboró en el rescate de un hombre que intentó quitarse la vida en Uruguay 🇺🇾
— doble amarilla (@okdobleamarilla) January 5, 2025
El delantero y su esposa Sofia Balbi, dialogaron y lograron persuadir al sujeto junto a las fuerzas de seguridad
El hombre se encontraba colgado en un árbol a seis metros de altura… pic.twitter.com/ajA36FKKD9