248
Фудбалската федерација на Албанија заработи жестока казна од ФИФА по инцидентите на мечот против Србија, одигран на 7 јуни во Тирана.
Светската фудбалска централа наложи парична казна од 173.000 евра, а Албанците ќе мора да затворат и 20% од капацитетот на својот стадион за следниот квалификациски дуел против Летонија.
Причина за санкциите се навредите кон српските фудбалери и фрлањето предмети од трибините, при што неколкумина беа директно погодени. Натпреварот на „Ер Албанија“ беше означен како меч со висок ризик, а неколкупати беше и прекинуван поради нередите од публиката.