Драчево играше мал фудбал во сеќавање за Саше Оцевски – Мешко и донираше надеж за Јана

by
1 минути читање

Овој традиционален меморијален турнир се одржува на роденденот на Сашо, а е организиран од неговото семејство и пријателите.

Годинава на турнирот учествуваа 4 екипи: „ССК 83/84“, „Комити Драчево“, „Коперникова“ и „Сторија кафе“.

Пехарот замина кај момците од „Коперникова“ кои во финалето ја совладаа екипата на ССК 83/84 со резултат 4:3.

Ревијален натпревар имаа и дечињата од фудбалските школи ФК Њу Старс 2008/09 и ФК ФУДБАЛ КИДС 2008/09. Истиот заврши со резултат 4:2 за децата од ФК Њу Старс 2008/09.

Ова издание на меморијалниот турнир беше посебно поради фактот што имаше добротворен карактер. На игралиштето беше поставена кутија за донации, наменети за Јана Арсовска од Охрид која веќе 4-та година се бори со тешката болест адултен неуробластом. Викендот сите што ќе посакаат да донират за Јана можат да го направат тоа во „Сториа кафе“, населба Драчево.

Саше Оцевски беше поранешен фудбалер, медиумски работник и голем заљубеник во спортот. А големиот број присутни на турнирот се доказ дека пред се нашиот мил Саше беше и прекрасен човек.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×