153
Дури пет натпревари од Втората македонска фудбалска лига во рамките на 15. коло се одложени.
Причината е јасна, а тоа е обилниот дожд кој ја зафати земјава во претходните денови. Откако денес се играше „ватерполо“ меч меѓу Силекс и Арсими, донесена е логична одлука за утрешните средби.
Нема да се игра фудбал на терените меѓу: Детонит и Скопје, Слога и Охрид, Кожуф и Вардар Неготино, Осогово и Новаци, Големо Коњари – Тетекс.
Според сегашната ситуација ќе се играат само средбите меѓу Шкендија Арачиново и Саса, Победа против Брегалница и дуелот меѓу Беласица и Преспа.