Бразилецот Рафиња е прво име во Барселона сезонава и игра одлична сезона во која веќе стигна до 20 погодоци и 27 асистенции во сите натпреварувања, но пред почетокот на сезоната многу лесно можеше и да замине.
За неговото останување во Барселона најзаслужен бил тренерот Ханси Флик кој од почетокот му покажал дека верува во него и така го убедил да не ја промени средината.
„Во медиумите секојдневно читав дека ќе се преселам на различна дестинација и на крајот почнав да размилувам за тоа, тоа е психологија. Разгледував одредени опрции, но по Копа Америка добив телефонски повик од Флик и ме повика да дојдам на подготовките пред да донесам било каква одлука.
Се сеќавам дека разговарав со сопругата и тогаш и кажав: Ако е чесен човек – ќе види каков пристап имам и ќе има високо мислење за мене. Ќе му дадам седум дена да ме засака како фудбалер, потоа ќе направам се за да ја оправдам довербата. На крајот очигледно дека направивме добар избор“, изјави Рафиња.